Region Without Waste
Нашата приказнаРСУОМОУОНовостиИндикатори за отпадРесурсиНастани
    Region Without Waste
    Нашата приказнаРСУОМОУОИндикатори за отпад
    Партнерски порталКонтактНовостиРесурси
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo

    Salar International не може да ја гарантира точноста на податоците и информациите кои се презентирани на оваа платформа. Комплетноста и точноста на сите податоци и информации зависат од изворите на истите, кои се надвор од контролата на организацијата.

    Почетна/Новости

    „Чисто е убаво!“ – селекцијата на отпад добива поголема видливост во осум општини

    2 ноември 2026
    „Чисто е убаво!“ – селекцијата на отпад добива поголема видливост во осум општини

    Камионите за собирање на селектиран отпад во Охрид, Битола, Новаци, Прилеп, Кичево, Пласница, Ресен и Крушево добиваат нов изглед со мотото на кампањата „Чисто е убаво! - Селектирај“. Кампањата има за цел да ја подигне свеста за важноста на селекцијата на отпадот и да поттикне поголемо учество на граѓаните во создавањето почиста и поздрава животна средина.

    Со брендирањето на возилата, основната порака на кампањата станува дел од секојдневието во општините, видливи на улиците и во населбите каде што се собира отпадот. На овој начин, темата за селекција на отпадот се доближува до граѓаните, а селекцијата се промовира како едноставна, но важна секојдневна навика.

    Селекцијата на отпад е важен чекор кој придонесува кон намалување на количините отпад што завршуваат на депониите. Но исто така, со селекцијата се обезбедува повторно искористување и рециклирање на материјалите, со што се овозможува поодговорно користење на природните ресурси. За да даде резултати, таа бара соодветно организирани услуги и инфраструктура, но и активно учество на граѓаните.

    Токму затоа, селекцијата е еден од клучните елементи на Регионалниот систем за управување со отпад (РСУО). Таа е една од важните почетни фази во поширокиот процес на собирање, транспорт и обработка на отпадот, овозможувајќи поголем дел од материјалите повторно да се искористат, а помали количини отпад да завршат на депониите.

    Преку кампањата „Чисто е убаво!“, општините и јавните комунални претпријатија ги доближуваат пораките за селекција до граѓаните и поттикнуваат заедничка одговорност за почиста животна средина. Бидејќи промената започнува со секој од нас и со отпадот што го селектираме секој ден.

    Кампањата „Чисто е убаво!“ се спроведува во рамки на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“, финансиран од Шведска имплементиран од SALAR International.

    Сподели ја оваа вест: